| четврток, 6 декември 2018 |

Конкуренцијата на Меланија Трамп: Најубавата прва дама стана потпретседателка

Првата потпретседателка ужива полн имунитет и ги презема сите овластувања и обврски на шефот на државата во негово отсуство.
Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, потпишал денес указ со кој ја именувал својата сопруга Мехрибан Алијева за прва потпретседателка на државата.

Оваа функција е воведена по референдумот за Уставот во септември, пренесува Тасс.

Првата потпретседателка ужива полн имунитет и ги презема сите овластувања и обврски на шефот на државата во негово отсуство.

Михрибан Алијева била пратеничка и се наоѓа на чело на хуманитарната организација “Хајдар Алијев”, што е најголема невладина организација во таа земја.

mehriban-alijeva-potpretsedatel-azerbejdzan-01

Вниманието на светските медиуми Мехрибан го освоила најмногу со својот изглед. Прекрасната сопруга на азербејџанскиот претседател многумина ја сметаат за вистински лидер на таа богата азиска земја.

mehriban-alijeva-potpretsedatel-azerbejdzan-02

Поради нејзиниот изглед во медиумите често се појавуваат разни коментари. Се наведува дека одела на низа естетски операции, односно дека изгледот го должи на пластичните хирурзи.

mehriban-alijeva-potpretsedatel-azerbejdzan-04

Сепак, како и да е, во 2011 година Плејбој ја прогласил за најсексапилна прва дама на светот.

mehriban-alijeva-potpretsedatel-azerbejdzan-05

Алијев е на чело на Азербејџан од 2003 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top