| четврток, 6 декември 2018 |

Од четврток во кино „Милениум“ на редовен репертоар е „Трејнспотинг 2“

Од четврток, 23 февруари, на редовниот репертоар на кино Милениум, во терминот од 20 часот, ќе се прикажува „Т2 Трејнспотинг 2“ продолжението на култниот филм од 1996 година.
unnamed
Истата актерска екипа, истите откачени ликови се сретнуваат 20 години подоцна и лудориите почнуваат.
Прво беше можноста… Потоа беше предавството. Поминаа дваесет години. Многу нешта се изменети, но многу нешта останале исти. Марк се враќа на  единственото место што може да го нарече „дома“. Сите го чекаат: Спад, Сик Бој, Бегби… Го чекаат и старите добри другари: тагата, загубата, радоста, одмаздата, омразата, пријателството, љубовта, копнежот, стравот, жалоста, диаморфинот, самоуништувањето и смртната опасност. Сите тие се подготвени да го пречекаат и да се приклучат на танцот.
На редовниот репертоар на киното се и „Педесет нијанси потемно“, „Големиот кинески ѕид“ и „Прстени“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top