| четврток, 6 декември 2018 |

Куп-титулата на Карпош Соколи слета во општината, Јакимовски вети премии

jakimovski

Куп-титулата на Карпош Соколи се прославуваше и денеска во просториите на Општина Карпош, каде што имаше прием на екипата која го донесе победничкиот трофеј. Градоначалникот на општината и првиот помагател на клубот Стевчо Јакимовски најави уште посветла иднина за „соколите“.

– Карпош Соколи веќе осум години го спонзорира Општина Карпош, додека претходно клубот од сопствен џеб го спонзорираше Огнен Дедиќ. Сакам да кажам дека спонзорството во клубот не се должи поради политички поени, туку чисто од задоволство. Главниот спонзор на клубот е токму Општината, парите што ги даваме се на граѓаните, но мислам дека ние ги оправдуваме парите со добрите резултати што ги пружаме. Можам да кажам дека „летаме“ се повеќе и повеќе. Ако биде се како што треба на локалните избори, следната сезона ќе играме уште позначајна улога во АБА лигата, каде што ќе се бориме рамо до рамо со Цедевита, Будуќност и ќе атакуваме на пласман во првите шест екипи. Она што многу ме радува е што гледам дека има хемија во тимот, ви ветувам дека за овој успех ќе има премија која дополнително ќе ви ја соопштиме – изјави Јакимовски.

За Карпош Соколи нема многу простор за прослава, бидејќи веќе утре ги очекува дуел од БИБЛ против тимот на Теодо Тиват.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top