| четврток, 6 декември 2018 |

Татко крвнички ги избодел своите бебиња – едното починало!

srbija

Две бебиња, близначиња само 40 дена, се избодени од страна на својот татко. Овој хорор се случил во местото Штрпац, вчера околу 19 часот. Едното бебе починало, а другото е префрлено на Ургентниот центра во Ниш.

Таткото е професор по физичка култура во средно училиште, а засега не е познато зошто ги избодел двете машки близначиња.

Едното бебе починало на лице место, а другото во тешка состојба била префралена на одделението за интензивна нега. Според информациите здравствената состојба на повреденото бебе е стабилизирана и таа се наоѓа вон животна опасност.

Засега не се познати повеќе детали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top