| четврток, 6 декември 2018 |

Пет тинејџери се уапсени во Лондон поради поврзаност со тероризам

Пет тинејџери се уапсени во Лондон поради сомневање дека подготвувале терористички напад.

Полицијата објавила дека тинејџерите планирале да отпатуваат и да се приклучат на терористичка организација. Сите петмина се помлади од 20 години.

Полицијата до информациите дошла откако извршила претрес на четири имоти во Лондон.

Две момчиња од 16 и 17 години се уапсении на различни адреси на југот на Лондон во понеделникот наутро, 17 и 19 годишните се уапсени на западниот дел од градот. Петтото момче има 15 години.

Полицијата е моментно во куќата на уапсените. Тинејџерите се во притвор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top