Четириесет и едногодишниот скопјанец М.З. вчера во полициската станица во Центар пријавил дека саботата навечер околу 23.45 часот во Скопје на ул. „Кеј 13-ти Ноември“ во угостителски објект, од страна на лицето Н.М. и уште десетина лица било извршено насилство над него и неговите пријатели Т.А., Р.Ч., В.К. и Џ.И..
Според пријавителот, истите имале резервирана маса во објектот. Во еден момент им пришло лицето Н.М., кое седело на друга маса со десетина непознати лица и, според М.З., побарало да го напуштат објектот затоа што во моментот имало приватна забава. Откако не излегле веднаш, Н.М. ја превртел масата, а останатите од неговото друштво почнале насилно, со употреба на физичка сила, ги истуркале пред објектот.
Како што пријавил М.З., едно од лицата со службена легитимација се легитимирало дека е полициски службеник и побарал и тој да се идентификува.
Во моментот кога го вадел паричникот, одзади од непознато лице бил удрен во пределот на тилот и главата со неколку удари со рака.
Тој медицинска помо побарал во Ургентниот центар „Мајка Тереза“.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Фото: архива
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.