| четврток, 6 декември 2018 |

Софија Златанова одржа солистички концерт Бостон

Во „Хјустон хол“ во Бостон, САД, синоќа (19 февруари), солистички концерт на виола одржа Софија Златанова, стипендист на магистерски студии за виола, во класата на Лила Браун, на Boston Conservatory at Berklee, кој е меѓу најпрестижните универзитети за музика во Америка…

Покрај дела од странски композитори, Златанова ќе ја изведе и македонската музичка тема „Со маки сум се родила”, како и композиција за виола од Бахар Ројаи од Беркли, со мотив и елементи од фолклорната композиција „Јовано, Јованке”.

– Ме радува фактот што американски композитори се одушевини и инспирирани од нашата музика и култура и што добивам шанса да ја афирмирам нашата музика и земја Република Македонија, истакнува Златанова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top