Во огнено црвен фустан на Александар Меквин, соодветни Лобутин салонки, првата дама на Америка, Меланија Трамп, остави моќен впечаток на Американците.
Инаку срамежливата Меланија, се појави на Флорида со став дека е подготвена да го покори светот. Таа својот настап го започнала со зборовите „Да се помолиме“ и продолжила читајќи го оченаш на сите присутни.
Сите зборувале за нејзиниот став, голема храброст која ја влевала со својата појава и поддршка на сопругот, Донаа Трамп.
После молитвата која била проследена со громогласен аплауз, Меланија неочекувано остро почнала да го брани сопругот и неговото водење на политиката на Америка.
Навела дека секогаш била искрена кон себе и кон Американците, без оглед што нејзините непријатели зборувале за неа.
-Мојот сопруг создава сигурна земја, земја на успех и просперитет – рекла Меланија меѓу другото.
Ваквиот став и храброст никој не очекувал од неа, но таа со својата појава јасно ставила до знаење дека нема да толерира злокобни коментари на сметка на својот сопруг.
Додека неговата 24 години помлада сопруга зборувала, Доналд Трап со гордост гледал во неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Меланија флертувала со Путин: Трамп само ги гледал, а тогаш претседателот на Русија со една реченица ја купи првата дама!
-
Критики и неверување: Првата дама на САД потрошила 174 илјади долари за 12 часа
-
Ова е европската Меланија: Сопругата на чешкиот премиер во фокусот на медиумите (галерија)
-
Драма на небото: Се запали авионот на Меланија Трамп!