Шеесетина дела на филмски автори од целиот свет ќе бидат прикажани на деветтото издание на Меѓународниот фестивал на краток филм „Астерфест“ што од 1 до 5 јуни, во организација на Тивериополската филмска алијанса, ќе се одржи во Струмица. Лауреати на манифестацијата што овојпат ќе се одвива под мотото „Зад деветтото платно“ се словенечкиот режисер Карпо Година и германскиот синеаст Ларс Хенрик Гас.
Годинешни добитници на наградата за животно дело „Астер“се словенечкиот режисер Карпо Година и германскиот синеаст Ларс Хенрик Гас.
Роден во Скопје во 1943, Карпо Година важи за сестран филмски уметник и творец. Режисер е на целовечерните „Сплавот на медузата“, „Црвениот буги“ и „Вештачки рај“ и на голем број документарни и кратки играни филмови, меѓу кои: „Сонце“, „Пикник в недела“, „За љубовните вештини“, „Здрави луѓе за разонода“… Претставник е на „црниот бран“ во некогашната југословенска кинематографија и добитник е на над 40-на награди за своите остварувања од кои посебно за издвојување е Прешерновата награда за животно дело во полето на уметноста и културата што ја доби во 2006 година. Тој од 2011 е професор на Универзитетот во Љубљана.
Од друга страна, Ларс Хенрик Гас кому почесното признание му се доделува за вонсериски достигнувања на полето на светскиот краток филм, е долгогодишен прв човек на престижниот фестивал за краток филм во Оберхаузен. Тој наедно е филмски експерт и автор на голем број публикации за филмската уметност. Гас втора деценија успешно го менаџира фестивалот каде што своите кариери ги почнале многу денес веќе етаблирани режисери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура
-
Филмот „Очите на фотографката“ ќе го отвори третото издание на фестивалот „Богородичен покров“
-
Утринава најстудено во Берово и Струмица, температурите под нулата
-
Прв фестивал на нов европски филм: „Beach film festival“ на плажата „Оревче“ од 19-22 јули


