Во акција на македонската полиција, вчера беше сузбиена улична криминална група која дилала дрога на улиците во Скопје, но и други градови во земјава. Со оглед на тоа дека МВР на овој случај работел подолго време, многу познати личности од градот се „налепиле“ кај Сеад Рахиќ-Сетко, еден од уапсените дилери, поранешен сопственик на дискотеки и кафулиња и брат на Есад Рахиќ – Еско, поранешен партеник од СДСМ, пишува „НетПрес“.
Извори блиски до истрагата информираат дека клиентела на Сетко му биле познати лица од естрадата, сопственици на познати кафулиња и поимотни лица од Скопје. Начинот на работа бил едноставен. Одржувал лични контакти со своите муштерии, се нарачувала количина, а кокаинот го испорачувал лично тој, но понекогаш и преку останатите членови од групата. Се одело на лице место каде што барал нарачателот.
-Сетко се чувствувал многу сигурно затоа што имал контакти и со поранешен командант на единицата „Алфи“, но и поранешни службени лица во НТС во МВР. Имал клиенти и меѓу полицијата. Извори од истрагата велат дека ќе треба време да се заврши анализата и да се утврди целата шема на соработници, клиенти и контакти, пишува „НетПрес“.
Во однос на тоа од каде ја набавувал дрогата, според досегашните сомненија, станува збор за лице од Нови Пазар, познато на службите и поради контакти со извесни радикални структури.
-Двајцата браќа, Седа и Есад, се познати и по тоа дека биле и во друштво со Аце Циганот, Дилавер Бојку, Стајл Фрчкоски, Буцо Лазов и Роли Јакуповиќ. Уапсената криминална група која дилала дрога е составена од пет лица на возраст од 26 па се до 51 година. Истражен судија на сите петмина и одреди по 30 дена притвор.
Според информациите на МВР групата набавувала и продавала наркотична дрога на нарко зависници од подрачјето на Град Скопје но и во други градови од државава.
Наркотичните средства дилерите ги продавале по цена од 3000 до 4500 денари за една паковка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
Приведен дилер на дрога од Тетово