Средбата на албанските партии почна околу 13 часот во хотелот „Арка“ во Скопје. На неа присуствуваат лидерот на ДУИ, Али Ахмети и шефот на неговиот кабинет Артан Груби, потоа Зијадин Села, претседател на движењето за реформи во ДПА, Гзим Острени претседател на Унитети (Единство) и Весел Мемеди, претседател на НДП.
На средбата нема претставник од движењето Беса.
„По големиот медиумски интерес дали движењето Беса ќе учествува на денешната средба во Скопје, ја информираме јавноста дека не чувствуваме обврска да учествуваме на состаноци кои не се во духот на Заедничката декларација на албанските партии во Македонија. Ова за нас повеќе е билатерална средба меѓу две партии на Албанците во Македонија“, соопшти денеска Беса.
„Движењето БЕСА стои на ставот дека и покрај тоа што некои политички експоненти – на инфантилен начин – ја присвоја Декларацијата, сепак Движењето БЕСА ќе продолжи да ја поддржува Декларацијата и кога овие точки ќе дојдат во Собранието на Република Македонија, нашите пратеници ќе ги поддржат истите„ стои во партиското соопшение.
Иницијатор на денешната средба е коалицијата Алијансата за Албанците. Најверојатно на средбата ќе стане збор за предлогот за законот за јазици кој ДУИ му го испрати на СДСМ.
Вчера лидерот на СДСМ, Зоран Заев, потврди дека го добил документот од ДУИ кој требаше да обезбеди потписи со кои тој ќе можеше од претседателот на државата да добие мандат за да може формира влада. Но во СДСМ владее големо разочарување бидејќи во одговорот нема потписи за влада, туку нови барања од ДУИ за воведување на албанскиот јазик како втор службен јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Касами го потсетува Заев: Доби гласови од Албанците, сега одговори на нивните барања
-
Движење БЕСА на Билал Касами: Понудата на Заев за простување, ги девалвира евро-атлантските вредности
-
БЕСА бара изедначување на македонскиот и албанскиот народ: Да, во ЕУ и НАТО како Албанци, а не како процент
-
Средба Касами – Петерсен: Беса ќе придонесе за референдумот да биде успешен