| четврток, 6 декември 2018 |

Втор ден од Глобалниот самит на жени-лидери 2017

womn

Економијата, бизнисот и претприемништвото се фокусот на вториот ден од Глобалниот самит на жени лидери 2017 што се одржува во Скопје.

Како панелист најавено е обраќање на министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска.

Ќе биде промовирана и Глобалната платформа на жени лидери од јавниот и приватниот сектор во која првпат се вклучуваат и жени лидери од Македонија, во насока на размена на искуства, креирање јавни политики и хармонизација со глобалните трендови. Во фокус на панел сесиите ќе биде бизнисот, претприемништвото и младите дами лидери, а меѓу панелистите ќе бидат жени претседателки на бизнис здруженија и асоцијации, министри, директори на институции од повеќе земји.

Целта на Самитот е остварување меѓународен дијалог кој води кон унапредување на женското лидерство, детектирање на предизвиците со кои се соочуваат жените на раководните функции на патот кон успехот, креирање стратегиски политики за развој, како и механизми кои позитивно ќе влијаат на економијата.

На Глобалниот самит на жени лидери во Скопје учествуваат над 300 жени од пет континенти и околу 40 панелисти кои ќе ги споделат своите искуства како да се биде жена лидер.

Форумот го организираат Сојузот на стопански комори во соработка со Здружението на бизнис жени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top