Ариго Саки секогаш ќе важи за еден од најдобрите тренери во историјата на фудбалот со оглед на неверојатните успеси кои ги оствари како предводник на Милан во деведесеттите години на минатиот век, а иако сега веќе извесно време е дистанциран од работата која му донесе светска слава, легендарниот италијански стручњак повремено се наоѓа во центарот на вниманието поради изјавите кои ги дава за домашните медиуми.
Неповторливиот тренер на „росонерите“ се најде во фокусот на целокупната спортска јавност поради последното интервју кое го даде за „Газета дело Спорт“, а во кое јасно прецизира дека дебаклот кој го доживеала Барселона во Париз значи умирање на фудбалскиот крал во Европа.
– Умре фудбалските крал од Каталонија, умре Барселона. Сега има еден друг клуб кој ќе владее во Европа, тоа е Реал Мадрид. Има и други тимови кои можат да дојдат до тронот, меѓу нив би го сместил и Јувентус кој изгледа навистина силно. Јувентус напреднува од натпревар во натпревар, и заедно со Реал Мадрид, го гледам како идеален тим кој ќе се бори до крајот за титулата во Лигата на шампионите – истакнал легендарниот Саки, тренерот кој со Милан успеа да ја одбрани титулата во Европскиот куп во 1990 година (сегашна Лига на шампиони).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.