Македонските ракометари Кире Лазаров и Борко Ристовски со Барселона славеа на гостувањето во Швајцарија против Кадетен Шафхаузен со 31:24, во рамките од 11. коло од Лигата на шампионите. Борко беше на голот на „каталонците” во текот целиот натпревар и повторно беше еден од креаторите на гостинската победа. Лазаров, пак постигна четири гола, сите во првото полувреме во кое Барса направи недостижна предност од 18:10.
Најефикасен во составот на Барселона беше Французинот Тимоти Н’Гесан со пет погодоци. Во тимот на Кадетен Шафхаузен, листата на стрелците ја предводе Габор Часар со седум гола.
За Барселона ова е десетта победа во Лигата на шампионите со која каталонскиот тим се зацврстува на лидерската позиција во А – Групата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.