– Јас тоа поттикнувам војна, а не тие што за залагаат за федерализација, за кантонизација?, праша во вечерашната дебатна емисија на Телевизија 24 актерот Владо Јовановски.
Јовановски вели дека нападот кон него е пренасочување од вистинските проблеми.
– Еден угледен албански медиум објави, да, СДСМ дал и повеќе од тоа. Зошто никој. Зошто никој не ја отвори темата зошто да ја отвораме Пандорината кутија, не ја отворив јас Пандорината кутија, туку некои други. Во Швајцарија се нудеше кантонизација, двојазичност, што е чекор до федерализација, а кога има федерализација, единките имаат право на отцепување. Во тој случај, мисли некој овде нормално дека тоа може без војна да биде? Јас тоа поттикнувам војна, а не тие што за залагаат за федерализација, за кантонизација? Каде се за тие суштински прашања да одговорат, рече Јовановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Владо Јовановски го одби Заев: Не сум виновен за да барам милост!
-
Се врати Владо Јовановски: Иднината не е сѐ она што ќе дојде!
-
Жугиќ до Владо Јовановски: Низ историјата, актерите биле прогонувани, затворани, омаловажувани само затоа што биле гласот на народот
-
Поради учеството во протестите, на Владо Јовановски му е одземена улогата во „Преспав“