| четврток, 6 декември 2018 |

Специјална награда за Театарот за деца и младинци на фестивал во Суботица

Театарот за деца и младинци – Скопје со претставата „Бескрајни соништа“ од А. С. Пушкин во режија на Боњо Лунгов ја освои специјалната награда за оригиналност и фантазија на 20. јубилеен Фестивал на театри за деца, што се одржа во Суботица, Србија.

Интернационалното петчлено жири, соопштија денеска од НУ Театар за деца и младинци, имаше тешка задача да ги подели наградите поради големата конкуренција на квалитетни претстави од целиот свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top