Според специјализираната ракометна веб страница „Handball-planet“ македонскиот репрезентативец Дејан Манасков од следната сезона ќе настапува за Веспрем. Договорен е трансферот на нашето лево крило со новиот тренер на СЕХА-шампионот, Љубомир Врањеш и Манасков треба да го заземе местото на Иванчик, кој заминува од Веспрем по 17 сезони.
25-годишниот Манасков не се изнаигра оваа сезона покрај Сигурдсон во Рајн Некар Левен и за очекување беше да ја смени средината. Со трансферот во Веспрем загарантирано му е учество во Лигата на шампионите. Трансферот треба да биде официјализиран во следните неколку дена.
Манасков ќе биде вториот Македонец кој ќе го носи дресот на најтрофејниот унгарски клуб по Кире Лазаров, кој играше во голема форма во периодот минат во „Веспрем арената“.
Во својата кариера синот на Пепи Манасков го носеше дресот на Металург, Вецлар, Вардар и Рајн Некар Левен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Понижување цели 15 минути: Тимот на нашиот Талески го прегази Лемго со серија од 14 – 0 (видео)
-
Релаксација во Виeна: Манасков со поубавата половина ги полнеше батериите пред Европското во Хрватска (фото)
-
Вардар осум кола без пораз во Лигата на Шампионите: Рајн Некар падна во „Јане Сандански“
-
Манасков беспрекорен во Веспрем: Први минути и први голови