| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиќ: Срамота е Николиќ да застане против Вучиќ

Лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Ивица Дачиќ оцени дека ако веста за кандидатурата на српскиот претседател Томислав Николиќ на претседателските избори во Србија е вистинита, срамота е тој со тоа да ѝ се придружи на плејадата кандидати што се против српскиот премиер Александар Вучиќ.

– Повеќепати сум истакнал дека за Србија е најдобро да се зачува политичката стабилност по пат на кандидатура на човек што ја ужива најголемата поддршка од народот, а тоа несомнено е Вучиќ – изјави Дачиќ за Танјуг.

Лидерот на Социјалистичката партија на Србија истакна дека ако Николиќ, навистина, се кандидира против Вучиќ, тој лично и цела СПС, како и Драган Марковиќ Палма, уште посилно ќе го поддржат Александар Вучиќ.

– Единствено логично и рационално е кандидат да биде тој што ќе победи, со или без Николиќ. А што ќе направи Николиќ без Вучиќ, и тоа е јасно – ништо, само ќе им помогне на оние кои се против Вучиќ. И тоа безуспешно – заклучи Дачиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top