| четврток, 6 декември 2018 |

Македонско­ – српски бизнис форум

­

forum

Стопанската комора на Македонија денеска во Скопје организира деловни средби меѓу македонски и српски компании со цел унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу двете земји. ­

Целта на посетата на српската бизнис делегација и организирањето на билатералните деловни средби е понатамошно интензивирање на економските релации помеѓу двете земји, како и воспоставување нови, повисоки облици на соработка меѓу компаниите од повеќе различни сектори согласно пројавениот интерес, велат од Комората. На бизнис средбата официјално ќе биде конституиран Македонско ­српскиот / Српско­ македонскиот деловен совет што ќе функционира во рамките на двете комори и ќе служи како мост за интензивирање и зајакнување на досегашната соработка и поврзување на стопанските субјекти од двете земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top