Минатата година агенцијата НАСА воочи објект кој би можело да биде комета или астероид кој се движи кон Земјата. Уште тогаш службено објавија дека ќе минува крај Земјата на одалеченост од околу 51 милион километри на 25. февруари оваа година ова за нашата планета не преставува никаква опасност.
Неидентификуван објект наречен 2016 WF9 откриен е минатата година, минал низ Марсовата орбита, открила НАСА .
Меѓутоа, извесен Џомир Дамир Захарович, самопрогласен астронаут од Русија, вели нешто сосема спротивно, а тоа што е застрашувачко е дека неговите неаргументирани тези почнале да се шират на социјалните мрежи и дел од луѓето почнале да го сфаќаат сериозно.
Захарович смета дека објектот оди директно кон Земјата и дека на 16. февруари може да предизвика катаклизма и големо цунами, пишува Дејли Мејл
– НАСА знае дека објектот кој тие го нарекуваат 2016 WF9 ќе удри во Земјата. Ако астероидот ја погоди Земјата, може да уништи цели градови или да предизвика цунами. Сите сме во опасност, тврди Захарович.
А еве што објави НАСА за овој објект.
Нејзините ескперти пресметале дека објектот ќе ја заобиколи Земјата за 51 милион километри.
– Патувањето на објектот 2016 WF9 многу добро го разбираме и не е никаква закана за Земјата, напишале на своите страници.
извор: пинџур.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.