| четврток, 6 декември 2018 |

Парно греење до 22 часот навечер, топла вода во болјерите, млако подно греење и други нови услуги…

Парно греење до 22 часот навечер, топла вода во болјерите, млако подно греење и други нови услуги се само дел од можностите што произлегуваат од измените во мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија, кои веќе ги донесе Регулаторната комисија за енергетика.

Со нив се прецизирани правилата кога „Балкан енерџи“ (БЕГ) може да ги гаси котлите за греење и во сезона и пред сезона. Услугите за подно греење и санитарна топла вода, пак, ќе може веднаш да почнат да се користат, но првично за инвеститорите на новите згради во главниот град или кај тие шпто се во градба, додека другите со мали инвестиции во внатрешната инсталацијата на објектите. Трошокот за приспособување на инсталацијата ќе треба да биде на самите потрошувачи во старите станбени згради, но се работи за еднократен трошок, кој ќе се врати многу брзо преку заштеди на енергијата. Сметките за парно греење за граѓаните нема да бидат повисоки, бидејќи е минимална ангажираната топлинска енергија за овие новини.

Од Дистрибуција на топлина на БЕГ потенцираат дека новите системи нема да ги зголемат сметките на граѓаните, туку, напротив, ќе имаат заштеда во тие за електричната енергија.

Во новите објекти што се градат овие системи ќе бидат имплементирани уште во текот на самата градба и нема да претставуваат никаков дополнителен трошок за потрошувачите. Овие опции не само што нема да генерираат дополнителен трошок за енергија, напротив, овозможуваат и заштеда на пари. Kај подното греење можни се заштеди до 15 отсто на топлинската енергија споредено со радијаторскиот систем за греење. Со санитарната топла вода, пак, иако топлинската енергија што еден стан ја троши од системот за централно греење се зголемува за 15 отсто, фактички со тоа што електричната енергија се заменува со поевтин извор на енергија, ќе се остварува годишна заштеда од 50 евра (со комбинирани бојлери) до 120 евра (за комбиниран систем со сончеви колектори).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top