Управата за јавни приходи потсетува дека освен оние лица кои оствариле плата, пензија, приходи од земјоделска или самостојна дејност, даночна пријава треба да поднесат и за приходи од: кирии, авторски права, индустриска сопственост, дивиденди, капитални добивки, добивки од игри на среќа повисоки од 5.000 денари и лични примања од странство.
Воедно, Управата известува дека наместо во ГТЦ, просториите каде се поднесува даночната пријава се наоѓаат кај ЗОИЛ, спроти „Даре Џамбаз“.
Годишната даночна пријава може да се поднесе и по пошта на адресата на надлежната Регионална дирекција на УЈП или електронски доколку обврзникот е регистриран корисник на е-Даноци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
УЈП ќе шпионира кој работи за странство