| четврток, 6 декември 2018 |

Изградба на „Снежен град“ на Попова Шапка од 20 февруари

snezen grad popova sapka

Детскиот културен центар „Карпош“-Скопје од 20 до 25 февруари на Попова Шапка ќе ја организира традиционалната манифестација за деца „Снежен град“. Од 25 февруари ќе организира и „Карван – Попова Шапка 2017“ –  еднодневни излети до Снежниот град.

Градители на Снежниот град се ученици од основни училишта од Скопје, Гевгелија, Виница и од Тетово. Тие ќе бидат сместени во хотел „Славија“ – ЕЛЕМ, со кој ДКЦ „Карпош“ соработува во организирањето на манифестацијата.

Снежниот град ќе биде отворен за посетители на 25 февруари во 11 часот, кога  ќе го претстават неговите градители и директорката на ДКЦ „Карпош“ Ружа Ѓорѓеска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top