Најбрзиот човек на сите времиња, Усаин Болт, е добитник на наградата „Лауреус“ за 2016 година, откако успеа да освои три златни медали на Олимписките Игри во Рио де Жанеиро. Тоа е четврти „Лауреус“ за Болт, кој успеа да се израмни по бројот на ваквите признанија со Роџер Федерер и со Серена Вилијамс. Тој го наследи Новак Ѓоковиќ, кој беше добитник на оваа награда во 2015 и во 2016 година.
– Го остварив сето она што го посакував во спортот – изјави кусо Усаин Болт при добивањето на наградата.
На манифестацијата што се одржа во Монако, присуствуваа голем број истакнати спортисти, а награди добија и Нико Розберг, Мајкл Фелпс, Симон Бајлс, Фенсер Беатрис Вио, англискиот премиерлигаш Лестер…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.