По завршувањето на тековните изложби, Музејот на современа уметност кон крајот на месецов ќе се затвори за посетителите и ќе почне долго најавуваната реконструкција на околу 1.500 квадратни метри од музејските простории. Најголем дел од санацијата ќе се одвива во застаклениот дел на МСУ, со поглед кон реката Вардар. Раководството на оваа установа потпиша договор со градежната компанија „Бортас“ од Скопје, која треба да ги реализира изведбените активности во период од 70 дена. Санацијата на галерискиот простор е предвидено да заврши до 20 јули. Финансиската конструкција на проектот за реконструкција на музејот изнесува околу 230.000 евра.
По галерискиот простор, планирано е да се сменат прозорците во салонот „Пикасо“. Откако ќе заврши темелната реконструкција на објектот, во салоните „Македонија“, „Скопје“ и „Пикасо“ ќе се смести постојаната поставка, со околу 400 вредни уметнички дела. Свеченото отворање на постојаната изложба е закажано за 8 септември – Денот на независноста на Македонија.
Објектот само делумно е реновиран во долгогодишниот период на негово опстојување. Зградата претставува архитектонска творба од доцниот модернизам, дело на полските архитекти Мокшински, Вјежбицки и Клишевски. Објектот е донација на полската влада, по скопскиот земјотрес од 1963 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во Природонаучниот музеј се отвора изложба на најинтересните карпи, минерали и скапоцени камења од целиот свет
-
Екипите на Град Скопје ги расчистуваат последиците од вчерашното невреме
-
По невремето во Скопје „Чифте-амам“ ќе се санира
-
Презентирана програмата на Музејот на современа уметност за 2017 година