| четврток, 6 декември 2018 |

Луис Енрике: Одигравме ужасен натпревар, ПСЖ не надигра во сите елементи

luis enrike

Барса четири години не била вака поразена во Европа како вечерва во Париз, од убедливиот пораз во Минхен во полуфиналето во сезоната 2012/13. Немаа никакво обаснување за поразот ниту фудбалерите на Луис Енрике, а ниту самиот предводник на првакот на Шпанија.

– Ривалот беше супериорен од нас во сите елементи. Тоа беше видливо од првата минута, беа подобри со и без топка и мора да признаеме дека бевме инфериорни. Имаше неколку фази во мечот. Многу лошо почнавме, имавме еден позитивен момент, но без зрели шанси. Сепак тие беа конкретни, постигнуваа голови навреме и нивните контранапади не убија. По 2-0 на полувреме разговаравме дека резултатот е лош и мора да реагираме. Но, наместо тоа во вториот дел ги зголемивме грешките и загубивме на тежок и за нас непрепознатлив начин. Не можам да речем дека не изненадија, разговаравме за нивните одлични инвидуалци и контранападот, но работите на теренот покажаа нешто сосема друго – рече Луис Енрике на официјалната прес-конференција.

На Барса сега и треба чудо какво што никогаш не направиле, бидејќи после пораз од четири гола, Каталонците никогаш не минале двомеч во европските купови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top