| четврток, 6 декември 2018 |

Заедно до смрт: Децата снимиле потресна последна фотографија од своите родители

1

Британците Мајк и Џули Бенет неодамна починале од рак, а зад себе оставиле три неутешни деца. Тие раскажуваат како нивните родители во животот правеле се заедно, а во последната фотографија од нивните мајка и татко ги снимиле како се држат за раце во болница во Ливерпул во тешка состојба неколку дена пред нивниот татко да почине, пренесува Мирор.

Оливер (13), Хана (18) и Лука (21) ја споделиле потресната фотографија со која сакале да покажат колку љубовта на нивните родители била силна. Грижата за децата ќе ја превземе целата заедница, изјавил близок пријател на семејството.

2-1

Нивниoт татко Мајк (57) открил дека има тумор на мозокот 2013. година. За него цело време се грижеле неговата жена Џули (50) која била учителка и неговите три деца. Во март 2016. година на Џули и бил дијагностициран рак на дојката. Болеста се проширила и на другите органи, вклучувајќи го црниот дроб и бубрезите.

Семејната пријателка Хитон Галагер, која во моментов се грижи за децата, изјавила дека нема зборови со кои може да ја опишам тагата која ја чуствув за ова прекрасно семејство.

– Бенети бea познати по својата дарежливост и љубов. Јулија добро се грижеше за децата и за својот маж. Кога дозна дека и таа е болна, се погрижи децата да имаат што поубави спомени со нив, рекла таа.

4

– Се собраа повеќе од 15.000 долари, но тоа не е доволно. Сакам овие деца да имаат иднина. Лука е студент, Хана оди во средно училиште, а Оливер во основно. Немаат блиски роднини, но имаат прекрасни пријатели и соседи. Имаат прекрасна група на луѓе која се соедини за да им помогне, додала Галагер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top