| четврток, 6 декември 2018 |

Од „грди пајчиња“ до секс симболи: Вака некогаш изгледале холивудските ѕвезди (Фото)

kylie-jenner-transformation-1476874874-article-0

Само за неколку години, или во некои случаи само „неколку“ естетски корекции, биле доволни за некогашните детски ѕвезди да се претворат во секс симболи на својата генерација.

2

Кралицата на трансформациите (или подобро кажано жртвата на бројни естетски операции), младата ријалити ѕвезда Кајли Џенер стана секс симбол на нејзината генерација. Таа има само 20 години и повеќе од 85 милиони следбеници на Инстаграм. Модните експерти на најмладата членка на семејството Кардашијан – Џенер и` предвидуваат одлична кариера, а многумина ја гледаат како наследничка на Ким Кардашијан.

22

Ема Вотсон

r

Британската актерка Ема Вотсон дебитираше на големото платно како 11-годишно девојче во хит серијалот за Хари Потер. Ликот на Хермиона Грејнџер и денес е улога по која светската публика ја памети Ема, но благодарение на неа и` се отворија многу врати. Денес таа важи за една од најубавите млади актерки.

t

Зак Ефрон

qqq

Младиот актер Зак Ефрон денес е еден од најсексапилните холивудски актери, а на почетокот од неговата кариера беше само симпатично момче со сини очи. Почна да снима филмови во далечната 2000 година, но дури улогата во филмот “The Paperboy” му донесе статус на ѕвезда во подем, а ангажманот во „Чувари на плажата“ му ја донесе и титулата на неприкосновен секс симбол.

www-1

Џозеф Гордон Левит

tttt

Џозеф Гордон Левит ја забележа својата прва значајна улога во филмот „Третиот камен од сонцето“, а важи за редок пример на некогашна детска ѕвезда која успеа да стане сериозен актер. Освен тоа, актерот, режисер и продуцент Џозеф е сопственик и креатор на компанија во чии рамки започнал и уникатна социјална мрежа.

uuu

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top