Како и нејзината постара сестра Ким Кардашијан и Кајли Џенер изгледа заплови во порнографски води, а американските медиуми на големо пишуваат дека протекол и порнофилм кој Кајли го снимила со поранешното момче, раперот Тајга.
За сѐ да биде уште побизарно, оваа снимка наводно е објавена на сајтот на Тајга, но е избришана неколку минути подоцна. Она што внесува дополнителна конфузија е фактот дека спомнатата страна одамна не е активна и последната вест датира од 2014 година.
Што е вистина и дали навистина постои домашна порноснимка на Кајли и Тајга, никој не знае за сигурно, бидејќи овој филм фактички никој не го видел.
Од друга страна, пријателите на младата Кајли велат дека таа е преплашена поради фактот дека ако Тајга се налути на Кардашијан, би можел во јавност да го пушти филмот кој го снимил додека со неа бил во љубов.
Од друга страна, треба да се има предвид дека Тајга би упаднал во големи проблеми со законот ако навистина го објави порнофилмот со Кајли, без нејзина пишана согласност. Во тој случај би платил милионска отштета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.