| четврток, 6 декември 2018 |

ЦСКА Москва не дозволува Итудис да биде и селектор на грчката репрезентација

dimitris itudis

Предводникот на ЦСКА Москва, Димитрис Итудис на одби понудата од Кошаркарскиот сојуз на Грција, да биде селектор на националниот тим на нашиот јужен сосед на Евробаскетот во септември оваа година.

Итудис доби понуда, но поради обврските во ЦСКА Москва ја одбил понудата. Претседателот на осковскиот клуб Андреј Ватутин со соопштение се обрати до јавност:

– Да се работи со националниот тим е голема чест за секој тренер. Но, Димитрис нема да има време и физички и психички по напорната клупска сезона, да работи на подготовките и завршниот турнир на Евробаскетот, а нема да може квалитетно да ја распредели концентрацијата на двете работни места – смета Ватутин.

Грчкиот кошаркарски сојуз зацрта карен рок до 1 март да избере нов селектор, откако веќе половина година е без предводник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top