| четврток, 6 декември 2018 |

Концертна вечер на интернационалниот музички феномен- групата N.M.O

„Десонанз“ најави концертна вечер со гостување на интернационалниот музички феномен базиран во Берлин – групата N.M.O

Концертот ќе се одржи во сабота (18.02.2017) со почеток во 20:30 часот во „Станица 26“.

Тешки за дефинирање, а лесни за паметење штом еднаш ги слушнете во живо, NMO е музички состав кој пркоси на секаков обид за жанровска категоризација и се фокусира  на создавање фуриозна мешавина од перкусии и синтетизирани звуци која на почеток изненадува а потоа разигрува како ниту една музика на планетава. Коктел од ентропија и кинетичка енергија сервиран преку спектакл на звук и светло.

Нивното концертно деби во Скопје е на покана од De:sonanz Festival, како дел од концертната програма надвор од годишниот фестивал. Настапот во Станица 26 е дел од нивната европска турнеја по издавањето на албумот Nordic Mediterranean Organization / Numerous Miscommunications Occur  исполнета со настапи во клубови (еден од последните- настапот во реномираниот берлински Berghain во рамките на CTM фестивалот), концертни сали, уметнички галерии и фестивали, како и концерт за Boiler Room Berlin.

Бендот е проект на тапанарот и продуцентот Мортен Џ. Олсен (Morten J. Olsen) и Рубен Патињо (Rubén Patiño) кои со овој проект се фокусираат на енергични настапи во живо кои радикално го редефинираат пристапот кон „живите“ настапи, користејќи лаптоп и тапани како основни вежбовни алатки за деконструкција на панк, техно и електро звуците, отсвирени со силно чувство за спектакл и досетлива перформативност. Дуото користи комбинација од физички вежби, прецизни „грешки” и манипулација на разни звучни форми за да ги демаскира илузиите и преправањата при живата изведба на музика. И сето тоа изведено низ комбинација од професионална прецизност и максимално излудување на сцената – комбинација која придонесува за уникатната откаченост на нивните настапи.

На концертот во Скопје, локалната сцена ќе ја претставуваат Arlekin, ноиз-рок состав кој за подоцна оваа година го најавува албумот „Извор на главоболки” за Insulin Addicted Records, како и скопскиот слаџ/стонер проект Schwartzen. За музиката пред почетокот на концертите и помеѓу бендовите се задолжените DJ-ите од De:sonanz Festival: Andreas Hz + Random

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top