| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдо во неволја: Уште неоженет, го разведе

Германската манекенка Ана – Кристина Шварц предизвика вистинско пореметување на социјалните мрежи, откако на “Инстаграм” прикачи заедничка фотографија со најдобриот фудбалер на денешницата, Португалецот Кристијано Роналдо.
Со овој потег, таа предизвика бура од реакции и пофални зборови од голем број фанови кои го следат секој чекор на голгетерот на Реал Мадрид.
Германката се фотографираше со Роналдо само по гаќи и кошула, а тоа ја извади од кожа вереницата на фудбалерот Џорџина Родригез, со која набрзо треба да стапне на лудиот камен.

„Уште еден ден во канцеларијата на Роналдо“, напиша Кристина.

Меѓутоа, станува збор за рекламна кампања која двајцата ја работат во Њујорк, а судејќи по фотографиите, без сомневање уживаат во блискоста еден кон друг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top