| четврток, 6 декември 2018 |

Кавани: Во никој случај нема да му се јавам на Луис

kavani i suarez

Со големото дерби меѓу ПСЖ и Барселона ќе биде отворена осминафиналната фаза во Лигата на шампионите, а дека овој двобој меѓу прваците на Франција и Шпанија се доживува со максимална посвета ни најдобро ни отсликува изјавата која ја даде Единсон Кавани.

Феноменалниот напаѓач на „светците“ за противник во осминафиналето ќе го има својот сонародник Луис Суарез, но, како што вели тој, во овие две недели ќе заборави на пријателството со „Ел Пистолеро“, до толку, што не ни планира да му се јави или да му испрати порака пред натпреварот.

– Јас никогаш не се шегувам пред натпреварите и за време на натперварите. Во ниту еден случај нема да му се јавам на Суарез, од моја страна тоа е едноставно невозможно. Истото важи и за праќање пораки – истакнал Кавани во ексклузивното интервју за „Ас“ кое го искористи како најава за тоа што ќе се случува на „Паркот на принцовите“ утре во 20.45 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top