| четврток, 6 декември 2018 |

Марк Ингла: Ибра му сметаше на Меси и затоа си замина од Барселона

ibra i mesi

Овој викенд во Шпанија повторно беше актуелизирана приказната за брзото заминување на Златан Ибрахимовиќ од редовите на Барселона. За овој случај за шпанските медиуми говореше некогашниот директор на Барселона, Марк Инглa, кој ја открива можеби вистинската причина зошто Ибра не се снајде најдобро во Барса.

– Мислам дека имаше проблем со Меси. Ибрахимовиќ е статичен фудбалер, не трча многу и не отвара доволно простор, а тоа му сметаше на Меси – вели Инглa.

Овој случај се поклопува и со приказните за заминувањата на Самуел Ето и Давид Виља, кога се зборуваше дека Меси е тој кој инистирал вакви одлуки на Барса, за тој да може да игра поблиску до противничкиот гол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top