| четврток, 6 декември 2018 |

Исповед на млада милионерка: На 17 години освоив џекпот, а сега пак работам на благајна

jane park

Британката Џејн Парк имала само 17 години кога во 2013 на една лотарија ја освоила највисоката џекпот добивка и била исплатена нешто повеќе од милион фунти. Четири години подоцна таа во едно интервју вели дека големата добивка ја ставила под константен стрес и планира против британската лотарија Камелот да поднесе тужба.

– Мислев дека по добивката животот ќе ми биде 10 пати подобар, но ми стана 10 пати потежок. Поголемиот дел од денот посакував воопшто да не ги добиев тие пари. Така ќе ми беше полесно, изјавила Џејн која поголемиот дел од добивката го инвестирала во недвижности.

Вели дека е свесна за желбите на луѓето кои би сакале да бидат во нејзина кожа.

– Тие не разбраат под колкав стрес сум јас. Имам се што сакам од материјани работи, но и покрај тоа мојот живот е празен. Не ја гледам смислата на животот кога на крајот на денот се чувствувам потажна од било кога, раскажува таа.

parjk

Парк додала дека според неа лицата под 18 години не би требало да смеат да купуваат лото ливчиња. Вели дека не може да најде ниту едно момче или пријател кој ќе минува време со неа, а тоа нема да биде поради парите.

– Откако ја освоив добивката мојата баба ми кажа една интересна работа, а тоа беше дека со парите треба да ми датдат и пиштол. Тогаш не ја сфатив, но сега ми е јасно што сакаше да каже, вели Џејн.

Иако тврди дека парите и го уништиле живтот, младата Британка нема намера да ги донира во добротворни цели. Таа минатата година се вратила на својата стара работа, на благајна во еден трговски центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top