Министерството за здравство го започна големиот циклус за набавка на нова и најсовремена опрема за јавните здравствени установи во Р. Македонија, проект вреден 33 милиони евра со кои што ќе се набави опрема за над 100 јавни здравствени установи низ целата држава.
Ова денеска го најави министерот за здравство Никола Тодоров.
-Министерството за здравство го објави тендерот за набавка на опрема за клиничката болница во Тетово. Тендер вреден околу 2 милиони евра со кој што ќе се набават повеќе од 1200 парчиња медицинска опрема која што треба да биде ставена во функција на сериозно подобрување на дијагностиката и квалитетот на здравствените услуги кои што се даваат во клиничката болница Тетово, рече Тодоров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.