Австриските власти ги проверуваат наводите дека во околината на родната куќа на Адолф Хитлер се појавува непознат маж, двојник на нацистичкиот злосторник, кој ги има препознатливите мустаќи, фризура и облека.
– Тој господин често го гледам во Браунау и се прашувам дали тоа е случајно – изјави локален жител кој покажа фотографија од човекот кој личи на Хитлер.
Двојникот е на возраст од 25 до 30 години и последен пат е виден во книжарница како прелистува списание за Втората светска војна и се претставува како Харалд Хитлер.
Тој најмалку еднаш е сликан пред родната куќа на нацистичкиот лидер.
Во Австрија величењето на Хитлер е казниво дело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Црниот телефонски именик на Хитлер продаден на аукција за 37.000 евра
-
ЦИА отвори тајни документи: Хитлер не се самоубил во бункерот
-
Лежел 17 години затвор поради двојник- ослободен е откако бил пронајден овој човек
-
Контроверзна фотографија: Цела Југославија му се клањаше, а тој во придружба на Хитлер