| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Широка коалиција е проверено неуспешен концепт во Македонија

gruevski-1-1

Лидерот на ВМРО­ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за телевизијата „Нова“ посочи дека доколку СДСМ ја прифати платформата на албанските политички партии, неговата партија е подготвена да оди во опозиција.

-Ние сме подготвени да одиме во опозиција и ќе направиме се што е во наша моќ да не се прифатат барања кои се нелогични и се штетни за целата држава, со кои не им се помага ниту на Македонците ниту на Албанците. Само ќе го наруши мирот, стабилноста, ќе создаде дополнителна нетрпеливост, која во некои места постои и е видлива, и ќе не раскара дополнително – рече Груевски. Во интервјуто посочи дека со ДУИ не успеале да формираат влада, бидејќи ДУИ барала двојазичност на целата територија на Македонија

-Кажавме дека пред се е нелогично да има двојазичност во една држава каде што Македонците се 65 отсто, а Албанците 25 отсто – рече Груевски.

Го повтори и ставот на партијата дека за ВМРО­ ДПМНЕ единствен излез од кризата се предвремени парламентарни избори со јасен победник.

-Потребни ни се превремени избори. Подобро е да биде појасна победата, чија и да е, но потоа да му се овозможи да формира Влада и да ги спроведе реформите. Доколку имаме и еден пратеник помалку ќе се бориме во Парламентот со сите демократски средства, но нема да бидеме недостоинствени како СДСМ. Изгубија, а излегоа на прослава и до ден денес велат победиле – рече Груевски.

За разговорите и посетата на еврокомесарот Јоханес Хан, лидерот на ВМРО ­ДПМНЕ рече дека било очигледно дека тој дошол во земјата со идеја да ги охрабри партиите за некоја широка коалиција, иако, како што кажа на состанокот не инсистирал на тоа, но некои претходни изјави укажувале на такво нешто.

-Низ разговорите тој сфати дека широката коалиција во Македонија е неуспешен проверен концепт. Нешто што го практикувавме во 2001­та, и сега откако настапи политичката криза и не да де резултати, држава стана нефункционална – рече Груевски.

На средбата ВМРО ­ДПМНЕ го отворила прашањето за нови предвремени избори, што би се одржале заедно со локалните избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top