| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Медиумите на Сорос не оцрнуваа пред Албанците

Медиумите спонзорирани од Сорос и неговото Отворено Општество имаа задача во изминатите 2-3 години да не оцрнат, да не направат такви какви што не сме во очите на Албанците во Македонија, изјави во интервју за ТВ НОВА, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

-Целта им беше да не направат националисти што го мразат албанскиот народ, шовинисти, да не направат дека сме некаква закана за Албанците и дека се што правиме е против Албанците и дека тој што коалицира со нас е наш сојузник против Албанците, за да го доведат во непријатна ситуација нашиот коалициски партнер, истакна Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top