| четврток, 6 декември 2018 |

Веспрем ја игра последната сезона во СЕХА-лигата

По две освоени титули во Регионалната СЕХА-лига, а сезонава повторно се во игра за трофејот, унгарски ракометн шампион Веспрем, најверојатно ќе се збогува со играњето во ова натпреварување.

Причината е што има многу натпревари, а тие мораат да настапуваат и во домашното првенство. Сега вака густиот распоред им создава проблеми, недоволна воиграност поради големиот број на играчи што мораат да ротираат и заморот.

Клубот веројатно ќе прави и друго промени, со оглед на тоа што од лето на клупата седнува Љубомир Врањеш на местото на Хавиер Сабате. Најавени се и други играчи, а целта на клубот е конечно да се освои лигата на шампионите.

Државната лотарија на Унгарија им додели 2 милиони евра на Веспрем и ПИК Сегед, а на другите клубови по 1 милион или по 500.000 евра. Условот е да играат домашна лига и да има повеќе ТВ преноси. Заминувањето на Веспрем веројатно нема да значи влегување на ПИК Сегед, бидејќи и тие би имал езгуснат распоред.

Слична најава за заминување на Веспрем имаше и лани, но Унгарците се предомислија бидејќи мораше да платат големи пенали за предвременото заминување. Сега им завршува тригодишниот договор, и ќе може без проблеми да се посветат само на домашните настапи и оние во лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top