| четврток, 6 декември 2018 |

Катастрофален земјотрес на Филипините: Мртви и поврдени во потресот од 6,7 степени (ФОТО)

Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 125 се повредени во силниот земјотрес кој ноќва го погоди јужниот дел на Филипините. Потресот од 6,7 степени според Рихтеровата скала причини и голема материјална штета.

87ff1d724a49fd5c8518

Силниот земјотрес се случил на длабочина од 10 километри под морското дно, со епицентар на 96 километри северно од градот Бутуан, што се наоѓа на брегот на јужниот остров Минданао.

philippines_quake_021017

Центарот за предупредување од цунами на Пацификот соопшти дека нема опасност од цунами.

Во текот на утрото се почувствувани уште 89 помали потреси.

Градскиот аеродром е привремено затворен поради длабоки пукнатини на пистата, соопштија аеродромските власти.

Стотици лица во паника ги напуштија своите домови и се упатија во околните училишта, кои се претворени во засолништа за оние кои останаа без покрив над главата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top