| четврток, 6 декември 2018 |

Внатре во Земјата постои друга цивилизација

vo-zemjata

Поранешниот агент на ЦИА, Едвард Сноуден повторно изнесува шокантни тврдења, овој пат со наводите дека внатре во Земјата постои друга цивилизација.

Тој тврди дека не само што човеколики вонземјани живеат меѓу нас под површината и половите на планетата, туку властите знаат за тоа уште од деведесетите години од минатиот век, јавува порталот „edwardsnowden.com”

– Поради системите за пратење со балистички проекти и далекудометните сонарни државни тајни, научниците немаат пристап до овие објекти, стои на сајтот.

Сноуден стана познат за светската јавност откако објави бројни тајни документи меѓу кои околу 15.000 австралиски доверливи фајлови, преку 58.000 британски тајни документи и преку 1,7 милиони тајни документи на НСА.

Тој е обвинет за шпионажа, предавство и кражба, поради што и побегна од Русија каде му е одобрен азил. Сега кога се чувствува сигурно, Сноуден објави бројни информации за кои многумина веруваат дека се невозможни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top