Околу два тона тутун изгореле вчера во пожар во куќа во Прилеп.
Како што соопшти полицијата, пожарот избувнал околу 15:30 часот во куќа сопственост на С.Ѓ. (1948), на улицата „Борка Талески“, а е изгаснат два часа подоцна, во 17:15 од страна на дежурните противпожарни единици.
Според С.Ѓ., освен што изгорел тутунот, има и оштетување на куќата.
Увид ќе се врши во текот на денов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.