| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија никогаш послаба, а ќе решава стратегиски прашања

По­ра­ки­те што де­но­ви­ве ни дој­доа во из­вор­на фор­ма од Бри­сел и од Ва­шин­гтон јас­но ја по­ка­жу­ва­ат си­ту­а­ци­ја­та во ко­ја се на­о­ѓа Ма­ке­до­ни­ја 26 го­ди­ни по сво­ја­та не­за­вис­ност. Из­ја­ва­та на порт­па­рол­ка­та на ЕК, Ма­ја Ко­ци­јан­чич, де­ка ЕУ ба­ра ши­ро­ка ко­а­ли­ци­ја за да, ме­ѓу дру­ги­те пра­ша­ња, се ре­ши и име­то и не­бу­ло­зи­те на аме­ри­кан­ски­от кон­грес­мен Деј­на Ро­ра­ба­хер, кој твр­ди де­ка Ма­ке­до­ни­ја не е др­жа­ва и тре­ба да се по­де­ли, се за­ка­на, од­нос­но ми­занс­це­на во ко­ја Ма­ке­до­ни­ја тре­ба да при­фа­ти дру­ги, на­ви­дум, по­лес­ни ба­ра­ња. Да­ли за Ва­шин­гтон и за Бри­сел раз­ум­ни­от ком­про­мис во си­ту­а­ци­ја ко­га на­луд­ни­ча­ви­от ру­ски ло­бист ба­ра по­дел­ба на зем­ја­та, а Бри­сел нај­а­ву­ва про­ме­на на ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет е др­жа­во­твор­ност за Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја и де фа­кто фе­де­ра­ли­за­ци­ја? Ду­ри и Ко­ци­јан­чич и Ро­ра­ба­хер да не се на иста ли­ни­ја, ду­ри и Бри­сел да има искре­ни на­ме­ри, впе­ча­то­кот е де­ка на Ма­ке­до­ни­ја се вр­ши не­ви­ден при­ти­сок, кој во нај­ма­ла ра­ка тре­ба да за­вр­ши со не­ка­ков ком­про­мис. Освен те­мел­ни ре­фор­ми спо­ред пре­по­ра­ки­те на При­бе, се­кој друг ком­про­мис што нав­ле­гу­ва во уни­тар­но­ста и во устав­ни­те прин­ци­пи ќе би­де ка­та­стро­фа­лен за Ма­ке­дон­ци­те и за дру­ги­те гра­ѓа­ни

 

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Ма­ке­дон­ски­от на­род и ма­ке­дон­ска­та др­жа­ва во најс­ло­же­на­та фа­за од сво­е­то по­сто­е­ње ка­ко не­за­ви­сен ме­ѓу­на­ро­ден суб­јект ќе вле­зат најс­ла­би во сво­ја­та исто­ри­ја. Со по­де­ле­ни гра­ѓа­ни, за­кр­ве­ни ма­ке­дон­ски по­ли­тич­ки пар­тии, обе­ди­не­ти пар­тии на Ал­бан­ци­те, ко­и­што пот­тик­на­ти од не­се­ри­оз­на­та по­ли­ти­ка на ли­де­рот на СДСМ ба­ра­ат уште ед­но ре­де­фи­ни­ра­ње на др­жа­ва­та, Ма­ке­до­ни­ја вле­гу­ва во пер­и­од во кој се со­о­чу­ва со опас­ност од ис­чез­ну­ва­ње, нај­мал­ку со ис­чез­ну­ва­ње на по­ли­тич­ки­от и на оп­штес­тве­ни­от си­стем кој се гра­ди од 1945 го­ди­на, а кој га­ран­ти­ра­ше оп­сто­ју­ва­ње на ма­ке­дон­ска­та др­жав­ност и исто­ри­ски кон­ти­ну­и­тет на ма­ке­дон­ски­от на­род.

За го­лем број те­о­ре­ти­ча­ри на по­ли­тич­ка­та на­у­ка се­ко­ја кри­за е мож­ност со над­ми­ну­ва­ње на ста­ри­те проб­ле­ми што го за­пи­ра­ат раз­во­јот на оп­штес­тво­то и др­жа­ва­та да се вле­зе во нов цик­лус, кој мо­же да до­не­се на­пре­док. За жал, во Ма­ке­до­ни­ја иа­ко за дел од проб­ле­ми­те мо­же да ва­жи оваа на­уч­на те­за, за стра­те­ги­ски­те пра­ша­ња на­пре­до­кот не мо­же да би­де ед­на­ков за си­те. При­фа­ќа­ње­то на пла­тфор­ма­та на ал­бан­ски­те по­ли­тич­ки пар­тии, ко­ја офи­ци­јал­но освен по­е­дин­ци не ја осу­ди­ја ни­ту Бри­сел ни­ту Ва­шин­гтон, не мо­же да зна­чи на­пре­док за Ма­ке­до­ни­ја, ту­ку са­мо за ал­бан­ски­те по­ли­тич­ки пр­вен­ци и за дел од ал­бан­ски­те гра­ѓа­ни во Ма­ке­до­ни­ја. Во­ве­ду­ва­ње­то на ал­бан­ски­от ја­зик ка­ко втор служ­бен ја­зик во зем­ја­ва и дру­ги­те ба­ра­ња, ка­ко осу­да на ге­но­ци­дот врз Ал­бан­ци­те од 1912 го­ди­на, се на­ци­о­нал­но иск­лу­чи­ви на ед­на за­ед­ни­ца и ка­ко та­кви мо­ра да се отфр­лат.

Си­ту­а­ци­ја­та со ал­бан­ска­та пла­тфор­ма, ба­рем во пра­ктич­на ме­ѓу­чо­веч­ка смис­ла, мо­же­ше да би­де мно­гу по­при­фат­ли­ва до­кол­ку во пер­и­о­дот зад нас од ко­га во Стру­га, Ки­че­во, Го­сти­вар, Те­то­во или во Ча­ир, ка­де што има гра­до­на­чал­ник Ал­ба­нец, Ма­ке­дон­ци­те ги имаа си­те пра­ва за кои се­га Ал­бан­ци­те пра­ват проб­лем. Да ви­дев­ме искре­на на­ме­ра на ал­бан­ски­те по­ли­ти­ча­ри де­ка пра­ват сѐ што мо­жат за да ги тре­ти­ра­ат Ма­ке­дон­ци­те, Тур­ци­те, Ро­ми­те, Ср­би­те, Вла­си­те ка­ко рам­но­прав­ни со Ал­бан­ци­те, мо­же­би ќе има­ше не­ка­ква ло­ги­ка и раз­би­ра­ње за нив­ни­те се­гаш­ни ба­ра­ња. За жал, тоа не се слу­чи ни­ту ви­дов­ме на­ме­ра за та­кво не­што. Во ни­ту ед­на од оп­шти­ни­те ка­де што Ал­бан­ци­те се до­ми­нант­но на­се­ле­ние не ра­бо­тат веб-сај­то­ви­те на ма­ке­дон­ски ја­зик, а до­кол­ку не­ма ме­ѓу­пар­ти­ски до­го­вор за под­др­шка, не ва­жи ни­ту Ба­дин­те­ро­во­то пра­ви­ло, од­нос­но освен Ал­бан­ци­те ни­кој друг не­ма ни­ка­ква мож­ност за раз­вој. Со тоа ал­бан­ски­те по­ли­тич­ки пар­тии и нив­ни­те пр­вен­ци го за­це­мен­ти­раа стра­вот кај Ма­ке­дон­ци­те и си­те дру­ги за­ед­ни­ци де­ка ре­ви­ди­ра­ње­то на Охрид­ски­от рам­ко­вен до­го­вор, кој е ин­кор­по­ри­ран во Уста­вот, ќе зна­чи раз­вој са­мо за ал­бан­ска­та за­ед­ни­ца, а не и за си­те гра­ѓа­ни.

Пра­во­то да се го­во­ри на свој мај­чин ја­зик ка­ко ед­но од ос­нов­ни­те чо­ве­ко­ви пра­ва е не­при­кос­но­ве­но и за Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја, но тоа ва­жи са­мо ко­га тре­ба да се „зе­ме“. Ко­га Ал­бан­ци­те тре­ба да „да­дат“ или да би­дат раз­ум­ни и со­ли­дар­ни со оста­на­ти­те, то­гаш не ва­жи. Ова е осо­бе­но важ­но во си­ту­а­ци­ја ко­га ал­бан­ски­те пар­тии од­би­ва­ат да при­фа­тат ал­бан­ски­те де­ца да учат ма­ке­дон­ски ја­зик од пр­во од­де­ле­ние, ток­му во го­ди­ни­те ко­га нај­лес­но и нај­при­род­но се учи кој би­ло ја­зик. Бла­го­да­ре­ние на овој по­ли­тич­ко-ет­нич­ки ина­ет кај Ал­бан­ци­те, нај­го­лем дел од Ал­бан­чи­ња­та не го го­во­рат офи­ци­јал­ни­от ја­зик на др­жа­ва­та и со тоа соз­да­ва­ат ус­ло­ви за на­та­мош­но раз­и­ду­ва­ње со Ма­ке­дон­ци­те и оста­на­ти­те што го го­во­рат единс­тве­ни­от слу­жен ја­зик, кој не е са­мо средс­тво за ко­му­ни­ка­ци­ја ту­ку и ко­хе­зив­но ле­пи­ло око­лу со кое се по­вр­зу­ва­ат си­те гра­ѓа­ни.

Ал­бан­ски­те пар­тии мо­ра да зна­ат де­ка без еден ја­зик што го го­во­рат си­те, а без за­ед­нич­ка исто­ри­ја, кул­ту­ра, фолк­лор и без из­ле­ти­те на За­ев, зем­ја­та е осу­де­на на кан­то­ни­за­ци­ја, фе­де­ра­ли­за­ци­ја или ка­ко са­ка­те на­ре­че­те ја дла­бо­ка­та по­дел­ба што е пред нас. Ова е осо­бе­но важ­но во си­ту­а­ци­ја ко­га кај ал­бан­ски­те по­ли­тич­ки фа­кто­ри и го­лем број гра­ѓа­ни во­оп­што не­ма жел­ба за ви­стин­ска уни­тар­ност, ту­ку са­мо за при­вре­ме­но де­ле­ње на ре­сур­си­те на зем­ја­та, до­де­ка не се ос­тва­ри При­зрен­ска­та ли­га.

 

Ал­бан­ци­те ба­ра­ат рам­ко­вен до­го­вор за про­ме­на на рам­ков­ни­от

Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја и се­ка­де во све­тот се ум­ни лу­ѓе, до­ма­ќи­ни и, пред сѐ, мно­гу ре­ал­ни и пра­ктич­ни. Тие зна­ат де­ка ова е мо­же­би пос­лед­на шан­са да ги до­би­јат пра­ва­та што не се пред­ви­де­ни ни­ка­де и што не ги до­би­ла ни­ту ед­на дру­га мал­цин­ска гру­па во све­тот. Тие зна­ат де­ка се­га шан­са­та ќе трае до за­вр­шу­ва­ње­то на нај­го­ле­ма­та по­дел­ба ме­ѓу Ма­ке­дон­ци­те во пос­лед­ни­те 70 го­ди­ни и за­тоа, пр­во, се оби­ду­ва­ат да ја прод­ла­бо­чат и про­дол­жат кри­за­та во ма­ке­дон­ски­от блок, и вто­ро, без раз­ли­ка на нив­ни­те дла­бо­ки раз­ли­ки во пог­лед на ис­ла­мот и при­фа­ќа­ње­то на за­пад­ни­те вред­но­сти, глу­мат единс­тво.

Ед­на од ра­бо­ти­те што ги ко­чи и ко­ја мо­же да им ги ур­не пла­но­ви­те е тоа што пос­лед­ни­от по­пис, кој во Ма­ке­до­ни­ја е из­вор на ко­ле­ктив­ни чо­ве­ко­ви пра­ва, е спро­ве­ден во да­леч­на­та 2002 го­ди­на. И на пи­ли­ња­та им е јас­но де­ка при­чи­на­та зо­што Али Ах­ме­ти од­би­ва спро­ве­ду­ва­ње по­пис е опас­но­ста тие да се под 20 про­цен­ти од вкуп­но­то на­се­ле­ние што спо­ред Уста­вот зна­чи гу­бе­ње на по­себ­ни­те бе­не­фи­ции ка­ко нај­го­ле­мо мал­цинс­тво. Ал­бан­ци­те со по­пис мо­жат да го за­гу­бат и ова што го има­ат за­тоа што и тие зна­ат де­ка од пос­лед­но­то пре­бро­ју­ва­ње на­ва­му по­го­лем број од ал­бан­ски­те де­ца др­жав­ја­ни на Ма­ке­до­ни­ја се ра­ѓа­ат во странс­тво, а са­мо во Хам­бург жи­ве­ат по­ве­ќе од 20 ил­ја­ди Ал­бан­ци од Ма­ке­до­ни­ја. Кол­кав ли е то­гаш вкуп­ни­от број Ал­бан­ци од Ма­ке­до­ни­ја во це­ла Гер­ма­ни­ја, во Швај­ца­ри­ја, Бел­ги­ја, Ита­ли­ја или во Дан­ска. Ли­де­ри­те на ДУИ, Бе­са и на дру­ги­те пар­тии зна­ат де­ка бро­јот на исе­ле­ни­те Ал­бан­ци од Ма­ке­до­ни­ја, про­цен­ту­ал­но зе­ме­но, е мно­гу по­го­лем од Ма­ке­дон­ци­те. И, ко­неч­но, зна­ат де­ка ова е пос­лед­на шан­са да на­пра­ват нов рам­ко­вен до­го­вор за ме­ну­ва­ње на Охрид­ски­от рам­ко­вен до­го­вор, во кој тие би се стек­на­ле со пра­ва кои за дру­ги­те за­ед­ни­ци во Ма­ке­до­ни­ја се са­мо то­вар, пред сѐ фи­нан­си­ски, ка­дров­ски.

 

Ет­но­цен­триз­мот на Ал­бан­ци­те не го при­фа­ќа­ат и дру­ги­те по­ма­ли за­ед­ни­ци

И, на­ви­сти­на, ка­ков ќар ќе има­ат Ма­ке­дон­ци­те или Тур­ци­те од аген­ци­ја ко­ја ќе тре­ба да ре­ша­ва и да ја кон­тро­ли­ра упо­тре­ба­та на ал­бан­ски­от ја­зик на си­те ни­воа на те­ри­то­ри­ја­та на це­ла­та зем­ја или од ме­ѓу­на­род­на ко­ми­си­ја ко­ја ќе про­ве­ру­ва да­ли Ал­бан­ци­те се за­ста­пе­ни во си­те ин­сти­ту­ции (осо­бе­но што не­ма по­тре­ба од по­себ­ни ко­ми­сии за ра­бо­ти што мо­жат и са­ми­те Ал­бан­ци во вла­да­та да ги про­ве­рат). Ка­ква ко­рист има­ат Ро­ми­те или Ср­би­те, на при­мер, од ис­пол­ну­ва­ње­то на пла­тфор­ма­та што ја пред­ла­га­ат Ал­бан­ци­те. Зар око­лу 200 ил­ја­ди Тур­ци, Ро­ми, Ср­би, Бош­ња­ци, Мус­ли­ма­ни, Егип­ќа­ни, Вла­си, Хр­ва­ти, Цр­но­гор­ци, Бу­га­ри, Гр­ци тре­ба да има­ат по­ма­ли пра­ва од Ал­бан­ци­те са­мо за­тоа што не се под­го­тве­ни за вој­на или за­тоа што не се гра­ни­чат со сво­и­те ма­тич­ни др­жа­ви, иа­ко во слу­ча­јот со Ср­би­те има слич­но­сти по­ра­ди за­ед­нич­ка­та гра­ни­ца. Зар си­те по­ма­ли за­ед­ни­ци тре­ба да ужи­ва­ат по­ма­ли пра­ва за­тоа што не­ма­ат сво­ја пла­тфор­ма. Што ќе се слу­чи ако овие 200 ил­ја­ди лу­ѓе се со­бе­рат под иста пла­тфор­ма и по­ба­ра и нив­ни­те ја­зи­ци да би­дат офи­ци­јал­ни?

(Текст објавен во 232. број на неделникот Република, 10.02.2017)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top