| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска „Тортијада“ во Скопје

Општина Гази Баба денеска ќе ја организира 11. тортијада „Слатка мистерија 2017“ на која ќе учествуваат слаткарници и ресторани кои професионално изработуваат торти, но и заинтересирани граѓани во категоријата аматери. Првпат на „Тортијада“ ќе учествуваат и ученици од општината кои ќе се натпреваруваат во декорација на торти.

Настанот ќе се одржи во хотел „Континентал“ и ќе има ревијален дел, а потоа официјален дел во кој ќе бидат претставени натпреварувачите и ќе има лицитација на тортите и прогласување на победниците.

Во ревијалниот дел ќе учествуваат 50 аматери и професионалци од девет скопски општини, а спонзорите на своите штандови ќе нудат бесплатна дегустација на своите производи.

Тортијадата ќе биде проследена со културно-забавна програма и настап на естрадни уметници и актери. Собраните пари од продадените торти ќе бидат донирани на Центарот за деца со посебни потреби во населба Железара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top