Модерниот начин на живот доведува до предвремено стареење. Ќе се изненадите од работите кои влијаат толку лошо на вашето здравје! Еве некои од причините зoшто старееме побрзо!
Перницата и стареењето на кожата
Сите знаеме дека доволно сон е секогаш добро за здравјето. Но, кога зборуваме за перницата, експертите велат дека таа ја голта влагата од телото, што доведува до стареење на кожата. Уште полошо, перницата може да биде таква што остава брчки и линии на лицето. За да се спречи ова, најдобро е навлаката за перница да биде од свила, која содржи аминокиселини, слични на оние кои ги наоѓаме во хидратантните креми.
Смеењето и брчките
Можеби имате убава насмевка, но гримасите што ги правите додека се смеете, како и други гримаси на лицето, доведуваат до брчки на лицето. Кожата со годините ја губи еластичноста и нема можност да се врати „на место“ како што се случува во младоста.
Климатизација и централно греење ја сушат кожата
Средината во која владее ниска влажност поради пареа, доведува до сушење на кожата, а кај сувата кожа брчките се силно изразени. Поради тоа се препорачува да се облекувате соодветно и да го разладувате или загревате организмот, наместо да вклучите клима или пареа.
Пиењето од сламки прави брчки
Не се препорачува често да се пие директно од шишето или од сламка, бидејќи така се создаваат брчки околу усните.
Гледањето телевизија го скратува животот
По 25-та година, секој час поминат пред телевизорот го скратува животот за 21,8 минути, според едно истражување од 2011 година. Оние кои гледаат телевизија шест или повеќе часа на ден живеат 4,8 години пократко отколку оние кои не гледаат телевизија. Освен тоа, користењето пред телевизорот често е придружено и со неконтролирано земање на храна, што доведува до дебелеење.
Задржување на бесот
Кај луѓето кои се задржува гневот во себе постои четири пати поголема веројатност од прерана смрт.
Шеќерот ја опушта кожата
Шеќерот е лош за линијата, но слатките работи исто штетно влијаат на колагенот и еластинот, кои се потребни за да остане кожата еластична и мазна. Експертите тврдат дека слатките работи треба да се заменат со јаглехидрати со низок гликемиски индекс, како житарки, затоа што организмот ги апсорбира многу побавно, што ја ограничува загубата на колаген и еластин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Лицето покажува што јадете погрешно: Вино-црвенкаста кожа, глутен-отечени образи, шеќер…
-
Што да направите кога ќе изгорите на сонце и кожата ќе почне да ви се лупи?
-
Кожата сигнализира на болести: Проверете ги сигналите што ви ги дава
-
Што ве очекува по 40-тата година од животот според хороскопскиот знак?