| четврток, 6 декември 2018 |

Хакиран системот на кладилницата: Некој ги „почести“ играчите со пари на сметка

Приказната неофицијално била следнава – некој тоа утро го хакирал системот на кладилницата, и на играчите им уплаќал илијадници куни, воглавно се работело за износи од по 100.000 куни (околу 830.000 денари), пишува Далмација њуз.

– Секако дека моментално кликнав на опцијата за исплата, почнав да се замислувам во нов автомобил, на пат за Малдиви, меѓутоа системот целосно блокира. Веќе не можев ни да ја отворам страницата на кладилницата, па по 45 минути успеав во тоа, а на сметката повторно се беше по „старо“, нула куни – разочарано прераскажува Матео.

Друг играч кој доживеал слична судбина на Фејсбук објавил:

– Само што ги забележав парите, позајмив 10.000 куни, бидејќи не можев веднаш да ги извадам. Ги частев сите и ги потрошив парите. Очекувам да ми вратат 10.000 куни.

Од кладилницата се огласиле со соопштение:

– Ценети играчи, проблемите на нашата страница беа од техничка природа, и истите се отстранети. Системот на играње и интерните постапки целосно се сертифицирани и во склад со сите услови на лиценцирање, а сите кориснички податоци се безбедни и заштитени. Ви благодариме на вниманието и разбирањето и уште еднаш ви се извинуваме за непријатностите, порачале од кладилницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top