Тој истакна дека земјата има направено голем напредок ако се спореди со ситуацијата од пред две години, но дека сè уште има работа што треба да биде завршена.
– Изборите не се крај на политичката криза. Неопходно е што побргу да се формира нова влада, која ќе се справи со предизвиците како што се безбедносните и економските прашања и нема време за губење – рече Хан по шестиот министерски состанок на земјите од Западен Балкан.
Во однос на прашањето што конкретно мислел со терминот „широка коалиција“, Хан рече дека нема да коментира каква треба да биде новата влада, но дека е потребно таа да има мнозинство за да може полесно да носи одлуки.
– На Македонија ѝ е потребна влада што ќе се фокусира на евроинтеграциите и која ќе носи одлуки и ќе ги споделува демократските вредности на ЕУ. Гласот на народот е важен, а демократските одлуки треба да се почитуваат – изјави Хан.
На министерскиот состанок било разговарано за зголемување на соработката на полето на енергетиката, која би требало да придонесе за зголемено искористување на енергетските потенцијали и за нивна заштеда.
На средбата, исто така, станало збор и за системот за електронско регистрирање на граѓаните на земјите кои не се членки на ЕУ. Министрите за надворешни работи на Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и на Босна и Херцеговина ја истакнале загриженоста за ваквата нова процедура.
Министерот Попоски истакна дека земјите од регионот се согласни оти Брисел не треба да има однос кон земјите аспирантки како кон земјите од Америка, Азија и од Африка бидејќи тие воопшто не целат да станат дел од европското семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хан: Очекувам објаснување за азилот на Груевски, се работи за кредибилитетот на Европа!
-
Мицкоски – Хан: Евро-атлантската интеграција е клучен фактор за стабилност и просперитет во регионот
-
Хан: Имате рандеву со историјата!
-
Прес-конференција на премиерот Зоран Заев и еврокомесарот Јоханес Хан (во живо)