Оваа зима ќе биде една од најсилните во последните сто години, најавуваат метеоролозите од регионот. По краткиот здив од студеното време, според актуелниот прогностички материјал веќе кон крајот на првата декада од февруари можно е доаѓање на нов бран на силен студ, прогнозираат хрватските метеоролози. Според тие податоци, над сибирските пространства и Скандинавија регистриран е развој на силен антициклон, што ќе овозможи продор на сибирскиот воздух до Средоземјето. Станува збор за таканаречена „совршена“ зимска ситуација каква што била во февруари 2012 година, но и во најсилните зими на минатиот век – на пример во 1956 година. Ваквиот развој на синоптичката ситуација има и подлабоки темели, имено посебно се интересни настаните во стратосферата, односно топењата во тие слоеви во атмосферата, таканаречено stratwarming кој ќе погодува на развој на атнициклонот над северниот дел на Еврозаија. Во комбинација со останатите фактори можно е долготрајно „блокирање“ на западната струја со воспоставување на невообичаено силна североисточна „поларна“ струја. Доколку се остварат предвидувањата на прогностичките модели, во регионот доправ пристига вистинска зима.
Нашите метеоролози се уште не најавуваат вакви екстремни временски прилики, но велат дека во недела и понеделник ќе биде облачно со локален дожд, која со падот на температурите во текот на следната недела ќе донесе врнежи од снег. Мразот нема да не напушти ниту во февруари, а и во почетокот на март не
очекуваат минусни утрински температури. Според статистичките податоци и во февруари не очекува студен бран, а сосема е можно последните заби зимата да ги покаже на почетокот на март. По тоа можеме да здивнеме, затоа што пристига пролетта“, појаснува климатологот Владимир Билак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.