| четврток, 6 декември 2018 |

Пред Мустафа била мажена за Аладин – детали за краткиот прв брак на Емина Јаховиќ

emina

Пред да се омажи за турскиот пејач Мустафа Сандал, Емина Јаховиќ била мажена за извесен Аладин од Нови Пазар.

Екипата на магазинот „Блиц пулс“ пред неколку години го посетила родното место на поп-ѕвездата, каде што го сретнале нејзиниот поранешен свекор Рустем, која раскажал дека пејачката избегала од дома, за да се омажи за неговиот син Аладин. Сепак бракот не потрајал.

– Проблемот настана кога таа смисли дека сака да се занимава со пеење. Нејзината мајка дојде кај мене и ми рече:Рустем, знаеш дека Емина многу сака да пее! Јас ѝ реков дека може да пее за своја душа, но кога таа реши тоа да не биде само аматерски, мојот син не сакаше жена што не е постојано дома. Размисли и се реши за своето семејство. Нивниот брак траеше шест месеци и тогаш сѐ се заврши – раскажал поранешниот свекор на Емина.

aladin

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top